ПРАГА – еден од најубавите и најпосетуваните европски градови. Град со безброј лица, град со многу имиња...
Tолку стар, а сепак млад, жив и авангарден... Град кој ја нуди најлудата новогодишна журка во Eвропа!
ДОЖИВЕЈТЕ ЈА И ВИЕ МАГИЈАТА НА ЗЛАТНИОТ ГРАД ...
ПРОГРАМА
1. Ден 29.12.2011 (СКОПЈЕ-ПРАГА)
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 12.00 часот. Подарок од агенцијата за секој патник - новогодишна светликава лента – сите се китиме во новогодишен фазон.
Во 12.30 ч. спремни сме за тргнување и warming up bus party може да почне!!! Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2. Ден 30.12.2010 (ПРАГА)
Појадок
Планирано пристигнување во Прага во предпладневните часови. Сместување во хотел.
По заслужениот одмор, заминуваме во центарот на градот.Величествена средба со старата дама: Старо Место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник-Орлој, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Унивезитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот Град, Катедралата Св. Вито. Во занесот на разгледувањето, не пречекува ноќта а таа носи единствени доживувања. Не пропуштајте го предновогодишното лудило што го нуди овој авангарден град. Предлагаме, (факултативно) журка во некоја од големите дискотеки. Ноќевање.
3. Ден 31.12.2011 (ПРАГА)
Појадок
Исчекувањето е се поголемо а одбројувањето –започнува. Денот го започнуваме со прошетка низ Прага и можност за шопинг... Ноќта брзо паѓа а градот се претвара во сцена од бајка. Да се почувствува новогодишната еуфорија во срцето на Европа – тоа е чувство кое не се прераскажува, едноставно, мора да бидете дел :). Започнуваме со Карлов мост а времепловот неизбежно почнува - не носи во 14век, ренесансна музика во живо и барокна глетка од која не знаете дали сонувате или на јаве доживувате. Илјадници туристи (заедно со вас) ‘‘пловат‘‘ над Влтава во некое друго време сонувајќи го она што можат да го допрат, тука, токму на ова место времето како да не продолжува. Ќе го почувствувате воодушевувањето на секое лице – ќе посакате да ја впиете историјата, модерната легенда и бајката и да ги понесете со себе – засекогаш.
И не само Карлов мост ,секој дел од стариот плоштад раскажува своја приказна: измешани временски интервали во невидено добар спој, вековните зданија преслечени во новогодишно руво, еуфорични аниматори кои ве потсетуваат дека сте во метропола, весели и расположени луѓе со насмеани очи, печени колбаси и пиво, а ако ви застуди, досетливите Пражани, за само неколку центи, ќе ви понудат миризливо греано вино по уникатен рецепт. Иако студот е по малку карактеристичен за Прага, многубројните ресторани на плоштадот ќе ве пречекаат како во прегратка, со ќебенце и мени со коректни цени, па ако имате среќа ќе фатите столче без никаква претходна резервација, но кому му е потребно столче кога во центарот на целата таа приказна, како на пиедестал ви ја зоврива крвта откачен бенд во живо кој ве тера да пеете на глас заедно со цела таа толпа расположени луѓе, дојдени од различни меридијани со една иста цел.
Спектакуларен дочек пред огромната накитена новогодишна елка и астрономскиот часовник со голем огномет. Прегратки и желби за поуспешна 2012 се нижат на сите јазици...
А за сите кои преферираат клубска забава факултативно, предлагаме – Дискотека со новогодишна програма – забава со различни, светски познати ДЈ-и до раните утрински часови. Ноќевање.
4. Ден 01.01.2011 (ПРАГА)
Појадок
После возбудливата ноќ, се будиме подоцна. Појадок. Ден предвиден за одмор, релаксација и индивидуални прошетки или заедничка посета(по договор) на Храдчани, најголемиот дворски комплекс на светот лоциран на левата страна од реката Влтава. Спремете се за величествено доживување во кое ќе ве обземе грандиозноста на коплексот завиткана во злато и моќ кои сеуште може да се почувствуваат. Овде ќе ја доживеете магијата на зборовите Златна Прага. Полека по тесните калдрмени улички се симнуваме до Карлов Мост и се спремаме за уште едно лудо доживување, факултативно, крстарење по В‘лтава со журка на брод.Враќање во хотел Ноќевање.
5. Ден 02.01.2011 (ПРАГА-СКОПЈЕ)
Појадок
Се подготвуваме за заминување од градот кој не освои. Куферите се спакувани, лудите журки, забавите и талкањето по градот - завршија, дружењето продолжува... спомените... ќе ги понесеме со себе... а доживувањата - уште долго ќе ги прераскажуваме.
Пристигнување во Скопје следниот ден во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Сместување во хотел **/ *** на база 3 Н/П во Прага;
- Разглед на Прага ;
- Организација и придружник-пратител на групата за време на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Автобуски превоз на наведената релација 75€ (4,650 мкд)
- Задолжително патничко –здравствено осигурување
- Крстарење со брод по В’лтава
- Дочек на Нова Година во дискотека
- Влезници за локалитетите
- Други факултативни посети кои не се пишани во програмата.
НАПОМЕНА:
- Калкулацијата е правена на минимум 47 патници во автобус;
- Организаторот на патувањето има право во случај на промена на цената на превозот, да ја промени цената за аранжманот, како и во случај на недоволен врој на пријавени патници да го откаже патувањето, краен-последен рок за откажување на аранжманот од страна на организаторот е една недела пред тргнување;
- Факултативните излети во странство се плаќаат исклучиво во евра.
- Резервација со аконтација и фотокопија од пасош (30% од сумата на аранжманот)
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А Парадизо Флај и СКТМ.