Париз 1 Париз 2 Париз 3 Париз 4 Париз 5 Париз 6 Париз 7 Париз 8 Париз 9 Париз 10 Париз 11 Париз 12 Париз 13 Париз 14
299€

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО ПАРИЗ

Многу повеќе од обичен дочек

ПРОГРАМА

1 ден 28.12.2011 СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата во 15.30ч. на паркингот пред Холидеј Инн.. Поаѓање за Виена во 16.00ч.. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 29.12.2011 ВИЕНА Пристигнување во Виена-Австриската метропола во пладневните часови(престој во Виена 9 часа). Ќе имате можност да да уживате во неколкучасовен разглед на градот –катедралата Св.Штефан(срцето на Виена),булеварот Рингштрасе,Операта , Парламентот, Музејот на модерна уметност, Градскта палата,Универзитетот ,Црквата Вотив, Зимскиот дворец Хофбург.,Албертина...По разгледот факултативна посета на дворецот Шенбрун ,летната резиденција на Марија Терезија. Во вечерните часови патувањето продолжува накај Париз.Ноќно возење со попатни паузи за одмор...

3 ден 30.12.2011 ПАРИЗ
Во попладневните часови пристигнување во Париз-најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Сместување во хотел.Во вечерните часови во договор со водичот организирана прошетка со метро или рер, до Ајфеловата кула и Трокадеро како и факултативно вечерно крстарење со брод по Сена. Пред полноќ,враќање во хотел.Ноќевање.

4 ден 31.12.2011 ПАРИЗ
Појадок.По појадокот заминуваме на организиран панорамски разглед на Париз со локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона,Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите,Елисејските полиња,Триумфалната капија...Веднаш по разгледот факултативно го започнуваме животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај,последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа, факултативна посета на некогашниот кралски дворец,денеска музеј- Лувр.Во вечерните часови враќање во хотел и припреми за новогодишната ноќ...која традиционално ,Парижаните ја дочекуваат на Елисејските полиња ...Незаборавно доживување со огномет...Враќање во хотел .Ноќевање.

5 ден 01.01.2012 ПАРИЗ
Појадок. По појадокот заминуваме на прошетка низ Париз...со метро ќе заминеме до Латинскиот кварт,,Сорбона и С.Жермен -четврт преполна со кафулиња...посета на катедралата Нотр Дам а потоа ќе го посетиме и Монмартр,уметничкиот кварт на Париз... црквата Сакр Кер ,од каде се пружа величествен поглед на градот.Прошетката продолжува накај Пигал и и познатото париско кабаре Мулен Руж. Слободно време за индивидуални прошетки .Во вечерните часови враќање во хотел.Ноќевање.

6 ден 02.01.2012 ПАРИЗ-ДИЗНИЛЕНД-САЛЗБУРГ
Појадок.По појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Дизниленд (9 часа) или слободен ден за индивидуални прошетки низ Париз и уживање во париските бистроа... (до поаѓање за Салзбург).Во вечерните часови во договор со водичот,поаѓање за Салзбург.Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

7 ден 03.01.2012 САЛЗБУРГ
Пристигнување во Салзбург во претпладневните часови.Разглед на Салзбург,еден од најубавите градови на средна Европа,Палатата и градините Мирабел,Катедралата,куќата во која е роден Моцарт,трговската улица...Сместување во хотел.Слободно попладне... Ноќевање.

8 ден 04.01.2012 САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ
Појадок.По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје.Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 299 ЕУР / 18 538 ДЕН

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- сместување во хотел со 3*** во Париз на база на 3 ноќевања со појадок
- сместување во хотел со 3*** во Салзбург на база на 1 ноќевање со појадок
- сместувањето е во 1/2 соби
- разглед на Виена
- организиран панорамски разглед на Париз со локален водич
- организиран разглед на Салзбург
- организација на патувањето
- пратител од агенцијата

Во цената на аранжманот не е вклучено:
РЕЗЕРВАЦИЈА И УПЛАТА ПРИ ПРОДАЖБА
- патничко осигурување 5 евра
- посета на Шенбрун
- Ајфелова кула
- Посета на Версај
- Лувр
- Крстарење по Сена
- Дизниленд
- влезници за знаменитостите, како и објекти од забавен карактер

НАПОМЕНА:
- Минимум број на пријавни патници за реализација на оваа програма е 47 патници
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А Парадизо Флај и СКТМ.