Доживејте луксузен престој во најмодерниот зимски ресорт на Балканот и откријте ја мистеријата на еден од најзначајните културн историски центри во Бугарија. Сместен во срцето на Пирин планина, КЕМПИНКСИ ХОТЕЛ ГРАНД АРЕНА е идеално место за Вашиот безгрижен одмор. Добредојдени сте во овој уникатен планински и СПА ресорт каде времето никогаш нема да Ви биде доволно за да ги доживеете сите негови содржини; во зима дојдете за скијање и сноубординг или во лето на планински одмор исполнет со велосипедизам, прошетки по планината или параглајдерство. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа главната станица на ски лифтот кој ве качува на највисоките снежни врвови. Хотелот е на само неколку минути од центарот на курортот Банско, а таму ќе најдете многубројни традиционални меани, музеи и продавници. Со толку одличен избор на активности за Вас секогаш ќе постои причина да се вратите овде