Истанбул 1 Истанбул 2 Истанбул 3 Истанбул 4 Истанбул 5 Истанбул 6 Истанбул 7
145€

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

Многу повеќе од обичен дочек

ПРОГРАМА

29.12.2011 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 17:00 часот. Тргнување за Истанбул во 17:30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.

30.12.2011 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Сместување во хотел. Панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Аксарај, Бејазит Мејдан, Универзитетот, Хиподромот, Лалели Џамијата, Валенсовиот Аквадукт, Златниот Рог, Сината Џамија (посета), Аја Софија (посета), Таксим... Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

31.12.2011 ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот Султан, со музејска збирка со непроценливо богатство и стариот султанов дворец Топкапи Сарај. Враќање во хотел во попладневните часови.Вечерта факултативно дочек на Нова година 2012 , крстарење со брод по Босфор со свечена вечера, неограничен пијалок и ориентална програма. Ноќевање.

01.01.2012 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот, факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот на Европа и Азија. Вечерта, факултативно- вечера во национален ресторан со богата музичка програма и ориентални танци. Ноќевање.

02.01.2012 ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Тргнување за Скопје околу пладне. Се патува преку Р. Грција, со попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови следниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 145€

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Eyfel 3* www.hoteleyfel.com на база 3 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за Аја Софија 15 еур
- Посета на Долма Бахче Сарај и Топкапи Сарај вклучен превоз, водич и влезници 30 еур
- Крстарење со брод по Босфор 15 еур
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Патничко – здравствено осигурување 200 денари

НАПОМЕНА:
- - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Во случај на недоволен број на пријавени патници,како и во случај на промена на цената на превозот,девизниот курс и слично ,агенцијата го задржува правото да ја промени цената на аранжманот или да го откаже истиот најдоцна до 5 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари